Од МВР информираат дека пожарот е изгаснат од страна на противпожарната бригада на Кочани. Во несреќата нема повредени лица
Ноќеска околу 2:30 часот по полноќ избил пожар во непосредна близина на бензинската станица во кочанската населба Оризари. Во пожарот, кој се случил на плац од спротива на бензинската, опожарени се три автобуси и едно комбе во сопственост на приватна фирма.

Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип информираат дека пожарот е изгаснат од страна на противпожарната бригада на Кочани. Во несреќата нема повредени лица.
„Денеска во 2:30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во населбата Оризари, Кочанско, се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Кочани“,
се наведува во соопштението на СВР Штип.
Во текот на денот на местото на настанот ќе биде извршен увид од страна на увидна екипа од ОВР Кочани.