Од опозициската партија сметаат дека целта на СДСМ е да има избори во ек на епидемија, со цел мала излезеност
Според ВМРО-ДПМНЕ, однесувањето на СДСМ во однос на изборите е загрижувачко, во ситуација кога секојдневно се зголемува бројката на заразени од ковид-19.
„Во овие неколку денови, кога стотици лица се заразиле, а десетици починале од корона вирусот, тие уште зборуваат за избори. Во услови кога половина Влада е во изолација, тие говорат за датум на избори. Кога секој ден заболуваат и умираат луѓе и имаат свои партиски функционери заболени, тие водат кампања, се среќаваат со граѓани, држат состаноци и делат партиски материјал“,
оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија сметаат дека целта на СДСМ е да има избори во ек на епидемија, со цел, како што се наведува во партиското соопштение, мала излезеност и мал изборен пораз, па макар и по цена на животот и здравјето на граѓаните.