И вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска е во самоизолација откако имала контакт со потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој вчера соопшти дека заедно со неговото семејство е позитивен на ковид-19.
Таа објави дека веќе направила еден тест кој е негативен и оти засега нема никакви симптоми, но согласно епидемиолошката анкета задолжително ќе остане во самоизолација до 9 јуни.
„Ја информирам јавноста дека од денес сум во задолжителна самоизолација, откако вчера колегата Мухамед Зекири е позитивен на ковид-19. Во текот на минатата недела имавме заеднички состанок на кој сите бевме со заштитна опрема и на препорачаната дистанца. Сепак, согласно епидемиолошката анкета задолжително ќе останам во самоизолација до 9 јуни. Во текот вчерашниот ден направив и тест кој е негативен. Засега немам никакви симптоми и се чувствувам добро. Сите мои работни обврски продолжувам да ги извршувам непречено од дома. На семејството Зекири му посакувам брзо и успешно оздравување и закрепнување, како и на сите останати граѓани кои се борат со коронавирусот“,
напиша Царовска на Фејсбук.
Поради контакт со Зекири, во самоизолација се и министерот Дамјан Манчевски, советникот за односи со јавност во Владата Марјан Забрчанец, новинарката Душица Мрѓа, во чија емисија гостуваше Јанушев заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
*Поврзани вести:
Пратеникот Мухамед Зекири и семејството се позитивни на ковид-19
Јанушев се тестирал на ковид-19 по гостувањето со Зекири на ТВ 24
Новинарката Душица Мрѓа во домашна самоизолација по гостувањето на Зекири
Забрчанец во домашна самоизолација поради контакт со Зекири, тестот на Јанушев е негативен
Министерот Манчевски и градоначалникот на Чаир во домашна самоизолација