Независниот кандидат Карол Навроцки одби да прифати пораз и смета дека се уште не се знае кој ќе победи додека не се избројат сите гласови и резултатот не биде официјален

Во понеделник наутро ќе се знае победникот на претседателските избори во Полска, иако кандидатот на владејачката Граѓанска коалиција, Рафал Тржасковски прогласи победа.
Тој во вториот круг од изборите води со 50,17 проценти од гласовите, според излезната анкета на Ипсос.
„Победивме, ќе ги спојам луѓето, ќе бидам конструктивен и ќе бидам претседател на сите. Ќе бидам ваш претседател“,
рече Тржасковски.
Независниот кандидат Карол Навроцки, кој ја има поддршката од главната националистичка опозициска партија „Закон и правда“ (ПиС), освои 49,83 проценти од гласовите.
Навроцки одби да прифати пораз и смета дека се уште не се знае кој ќе победи додека не се избројат гласовите конечно и резултатот не биде официјален утре.
Тржасковски победи во првиот круг на 18 мај со тесна разлика од 31.36% од гласовите, во споредба со Навроски кој освои 29,54%.