Руското Министерство за одбрана тврди дека Украина предизвикала штета многу помала од првично замислената

Безбедносната служба на Украина (СБУ) соопшти дека во денешниот напад при акцијата под кодно име „Пајажина“ Русија претрпела штета од седум милијарди долари.
„Седум милијарди американски долари. Ова е проценетата штета на непријателската стратешка авијација, која беше погодена денес како резултат на специјалната операција „Пајакова мрежа“ спроведена од СБУ. Погодени се 34 отсто од авионите кои носеле стратешки крстосувачки ракети“,
се вели во соопштението на СБУ, пренесуваат светските медиуми.
Руските власти пак соопштија дека неколку воени авиони се запалиле за време на големиот украински напад со дронови.

Во Мурманск и Иркутск, авионите биле запалени со беспилотни летала ФПВ во непосредна близина на аеродромот.
Според СБУ се работи за четири клучни руски воздухопловни бази: Белаја во Иркутската област, Олења во Мурманск, Дјагилев во Рјазан и Иваново во истоимената област.
Во нападите со беспилотни летала оштетени или уништени се повеќе од 40 руски воени авиони, вклучувајќи бомбардери со долг дострел Ту-95 и Ту-22М3, како и авион за рано предупредување и надзор А-50.
Руското Министерство за одбрана тврди дека Украина предизвикала штета многу помала од првично замислената.