Протестите се во организација на студентите во блокада, а целта на собирите, како што велат, е да покажат дека цела Србија е обединета во политичката борба. Во Белград за во 18 часот е најавена голема блокада на Бранковиот мост и мостот „Газела“
На денот кога се одбележуваат седум месеци од падот на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 16 лица, во Србија за денеска се најавуваат протести во над 30 града.

Протестите се во организација на студентите во блокада, а целта на собирите, како што велат организаторите, е да покажат дека цела Србија е обединета во политичката борба. Во Белград е најавена голема блокада на две важни точки во градот – Бранковиот мост и мостот „Газела“, чиј почеток е закажан за 18 часот.
„Целта на протестот е да се преброиме, да покажеме дека граѓаните низ цела Србија го поддржуваат ова студентско движење, дека се разбудиле и покажуваат бунт. Очекуваме добра енергија и голем број луѓе за да покажеме дека не сме тивко малцинство, туку гласно мнозинство“,
вели студентот Вукашин Ѓиновиќ за „Данас“.
Потсетува дека студентите повеќе од еден месец бараат во земјата да бидат распишани предвремени избори.
Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ оцени дека најавената блокада на мостовите во Белград е бесмислена и бесцелна, а дека граѓаните повторно ќе бидат малтретирани од организаторите на протестите.
Danas od 18h opet maltretiranje građana od strane blokadera. U Beogradu, blokada Brankovog mosta i Gazele. Bez ikakvog smisla i bez ikakvog cilja. Samo ogoljeno nasilje i teror nad običnim ljudima. Bukvalno nasilje radi nasilja, praćeno životnom filozofijom – može nam se, bahati… pic.twitter.com/h7mZcY0Ty4
— Ana Brnabic (@anabrnabic) June 1, 2025