Во текот на наредните денови ќе се задржи сончевото и топло време, со пораст на дневните температури кои ќе достигнат и 35 степени
Денеска нè очекува сончево и топло време со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од север.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималните температури ќе се движат во интервал од 4 до 13 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 18 до 30 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Температуирте ќе се движат од минимални 9 до максимални 30 степени.
Во текот на наредните денови ќе се задржи сончевото и топло време, со пораст на дневните температури кои ќе достигнат и 35 степени.