По подолг сушен период, на 29 мај северот на Нигерија беше погоден од обилни дождови кои предизвикаа поплави

Бројот на жртви во поплавите што ги погодија северниот дел на Нигерија се искачи на 151 лице, а повеќе од 3 000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови во градот Моква.
По подолг сушен период, на 29 мај северот на Нигерија беше погоден од обилни дождови кои предизвикаа поплави. Според локалните медиуми, ситуацијата се влошила и поради уривањето на брана во соседниот град на Моква.
Претседателот на Нигерија, Бола Тинубу, наредил формирање национален кризен штаб за да се обезбеди итна помош за населението на поплавениот регион.
Операциите за пребарување и спасување се во тек, а сите федерални агенции се мобилизирани за да помогнат во напорите на властите.
