Ѓ.А. од Боговиње (33), сопатничка во возило што излетало од патот, починала на самото место. Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Тетово

Во сообраќајна несреќа денеска околу 15:30 часот една жена го загубила животот, а шест други лица се повредени информира СВР Тетово.
Сообраќајната несреќа се случила на автопатот Гостивар – Тетово, во близина на натпатникот за Камењане.
„Се случила сообраќајна незгода со излетување од пат на патничко возило ‘голф’ со тетовски регистарски таблици, управувано од Ј.С. (22) од с. Пирок. Во незгодата доктор од Итна медицинска помош констатирала смрт на самото место кај сопатничката Ѓ.А. (33) од с. Боговиње, додека со повреди биле пренесени во Ургентен центар – Тетово возачот на возилото Ј.С., како и сопатниците В.Р. (28) од с. Боговиње, Ј.О. (21) од с. Пирок, А.М. (10) од с. Палатица, А.М. (6) од с. Боговиње и А.Р. (15) од с. Долно Палчиште“,
информираше Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Увид на местото на настанот извршуваат екипа од СВР Тетово и јавен обвинител при ОЈО Тетово.