По неколку дена протести си насилство, грабежи и палење објекти, во Минеаполис, САД, синоќа се воведе полициски час од 20 до 6 часот. Исто ќе биде и во вечерва, а случен полициски час има и во соседниот град Сент Пол.
Меѓутоа, протестите се проширија во повеќе градови, како Атланта, Њујорк и Вашингон.
Протестите се поттикнати од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кое беше оквалификувано како расистички чин на полициска бруталност. Полицијата при апсење на Флојд на 26 мај, била снимена од минувач, што потоа ги поттикна Американците да го искажат својот гнев. На видеото се гледа полицаец кој го притиска со коленото на вратот, додека Флојд го моли да го пушти бидејќи не може да дише. Флојд подоцна почина во болница. Четворица полицајци кои учествувале во инцидентот се отпуштени, а ФБИ и властите во Минесота започнаа истраги за смртта на 46-годишниот Флојд.
За протестите вчера се обрати и претседателот Доналд Трамп кој на Твитер повика да се престане со вандализмот во Минеаполис, и го искритикува градоначалникот од редовите на Демократите за да се справи со ситуацијата или, порача, ќе ја повика војската.
Нередие на протестите имаше и во другите градови. Во Њујорк, толпата демонстранти се судри со полицијата пред станицата Јунион. Во Атланта, Џорџија, се кршеа прозорци на полициски возила, а најмалку една кола беше запалена. Полицијата беше на готовс да се соочи и со демонстрантите во паркот „Стогодишната Олимпија“.