Времето денеска ќе биде со ведро и посвежо утро, а преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информира Управата за хирометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура се очекува да се спушти до 5, а максималната да достигне 26 степени.
Според најавите од УХМР, во следната седмица во попладневните часови се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.