Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни претставува „јасна и намерна“ референца на последниот папа кој го носел ова име. Лав Тринаесетти бил избран во 1878 година и бил најпознат по неговата енциклика од 1891 година, Rerum Novarum, во која главна тема биле правата на работниците
Роберт Франциско Превост, кој е вчера е нов папа со името Лав Четиринаесетти денеска ќе ја одржи својата прва миса како водач на Римокатоличката црква, јавуваат светските медиуми.

Лав Четиринаесетти, првиот папа роден во Соединетите Американски Држави, во 11 часот ќе одржи миса со кардиналите во Сикстинската капела, која ќе биде емитувана во живо.
Шеесет и деветгодипшниот Американец, кој голем дел од својот живот го поминал во Перу, беше избран од неговите колеги кардинали вчера, на вториот ден од тајната конклава.
Со изборот на Превост, според експертите, кардиналите се одлучиле за континуитет на политиките на покојниот папа Франциск, прогресивниот Аргентинец кој внесе нови идеи во Црквата за време на неговото 12-годишно папство.
„Тој е умерен консензусен кандидат кој се вклопува континуитетот на папата Франциск, но кој нема да ги отуѓи конзервативците“,
вели рече Франсоа Мабил, истражувач во парискиот тинк-тенк ИРИС (IRIS) и автор на книга за стратегијата на Ватикан, пренесува „Гардијан“.
Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, рече дека изборот на името Лав не е случајно и оти претставува „јасна и намерна“ референца на последниот папа кој го носел ова име. Лав Тринаесетти бил избран во 1878 година и бил најпознат по неговата енциклика од 1891 година, Rerum Novarum, во која главна тема биле правата на работниците.
Во своите први коментари по неговиот избор, папата Лав Четинаесетти упати пораки единство и за движење напред. Тој рече дека сака оваа порака за мир да влезе во „вашите срца, да стигне до вашите семејства и сите луѓе, каде и да се“.
Многумина го споделија своето возбудување што имаат американски папа, а особено папа роден во Чикаго. Поранешниот американски претседател Барак Обама му честиташе на „сограѓанинот од Чикаго“ на социјалните мрежи.
Изборот на Превост беше прославен и во Перу, каде што тој го помина поголемиот дел од својот живот. Претседателката на Перу, Дина Болуарте, го опиша како Перуанец по избор и убедување.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е изненаден, но дека е голема чест што новиот папа е родум од САД. Лидери од земји од целиот свет, исто така, упатија честитки.
Братот на папата Лав Четиринаесетти, Џон Превост, за американските медиуми, пак, изјави дека не се плаши да го каже своето мислење и дека во моментов е многу незадоволен од она што се случува со имиграцијата. Тој за „Њујорк тајмс“ изјави:
„Не мислам дека ќе молчи предолго ако има нешто да каже… Знам дека не е задоволен од она што се случува со имиграцијата. Тоа го знам со сигурност“, .
рече тој за „Њујорк тајмс“
Како и неговиот претходник, папата Франциск, Лав Четирианесетти, според медиумите е исто така познат како противник на ракополагањето на жените. Тој на синодот во 2023 година изјави дека клерикализацијата на жените нема да ги реши проблемите во Католичката црква и може да создаде нови, наведува католичката новинска агенција.