Во повикот за поставена бомба, упатен до полицијата и до грчкиот информативен портал „Зугла“, непознато лице предупредило дека бомбата ќе експлодира за два часа

Зградата на Апелацискиот суд во Атина денеска е евакуирана откако стигнала закана за поставена бомба, пишуваат грчките медиуми.
По извршените проверки од полицијата било утврдено дека станува збор за лажна дојава.
Во повикот за поставена бомба, упатен до полицијата и до грчкиот информативен портал „Зугла“, непознато лице предупредило дека бомбата ќе експлодира за два часа. Полицијата веднаш го затворила пристапот, превентивно ги евакуирала објектите и биле направени детални проверки. Притоа не било пронајдено ништо сомнително.
Лажни дојави за бомба имаше во неделата во траект со 750 патници на атинското пристаниште, како и пред една седмица за наводен експлозивен механизам поставен во грчкиот парламент.