Сообраќајната несреќа се случила вчера наутро во селото Лажани, Прилепско
Тринаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа помеѓу два мопеди во прилепското село Лажани. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека двата мопеди биле без регистарски таблички, а управувани од 13-годишното момче кое загинало и од 14-годишен малолетник, двајцата жители на селото.
„Во несреќата од здобиените повреди починал 13-годишниот малолетник при што смртта била констатирана од страна на лекар во Градската болница Прилеп, додека пак другиот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и не е во животозагрозувачка состојба“,
велат од МВР.
Извршен бил увид од надлежен јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп , а телото на починатиот малолетник било предадено за обдукција.
Пред речиси една недела, во скопски Чаир на ул. „Цветан Димов“, загина 16-годишник од Скопје кој управувал мотоцикл „пиаџо беверли“, додека пак во несреќата повреден беше 14-годишник од Скопје кој управувал електричен тротинет.