Оттаму сметаат дека овој извештај ја нотира и потребата од итна реформа на медиумското законодавство и заштита на новинарите од СЛАП тужби – што се користат како средство за притисок и заплашување
Најновиот извештај на „Репортери без граници“, во кој Македонија бележи пад од шест позиции на Светскиот индекс за слобода на медиумите за 2024 година, е директен резултат на влошената медиумска средина и нерешените системски проблеми со кои се соочуваат новинарите во земјава, реагираат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).
„Како најалармантно го сметаме финансирањето на медиумите, кое нетранспарентно, недоволно и со одржливост која постојано се доведува во прашање. Тоа ги става новинарите и нивниот интегритет подложни на влијание од разни центри на моќ“,
се вели во реакцијата на ССНМ.
Оттаму сметаат дека извештајот на „Репортери без граници“ ја нотира и потребата од итна реформа на медиумското законодавство и заштита на новинарите од СЛАП тужби – што се користат како средство за притисок и заплашување.
По минатогодишниот скок од две места, Северна Македонија годинава бележи пад за шест позиции на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година на меѓународната организација „Репортери без граници“ со седиште во Париз.
Поврзани вести:
- Северна Македонија падна за шест места на Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“
- ЗНМ: Извештајот на „Репортери без граници“ е реален, потребни се итни и суштински реформи
- СДСМ: Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, слободата на медиумите се гуши
- ДУИ: Извештајот на „Репортери без граници“ открива сериозни слабости
- Падот во извештајот на „Репортери без граници“ се должи на ширење лажни вести и дезинформации од СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ