Ова денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека станува збор за историска, односно, како што додаде, вековна работа, бидејќи кога ќе се соберат проектите од првиот и вториот повик, станува збор за бројка од 1 200 проекти
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој денеска беше заедно со премиерот во Кавадарци и му ја соопштил веста, оцени дека вредноста на проектите поднесени од општините на двата повика што ги објави Владата ќе надмине 20 милијарди денари, односно околу 325 милиони евра
Сите 80 општини во С Македонија заклучно со денеска аплицирале со проекти на вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни проекти на Владата со пари од унгарскиот кредит.

Информацијата, оценувајќи ја како една убава вест, денеска во изјава за медиумите ја сподели премиерот Христијан Мицкоски за време на неговата посета на општина Кавадарци.
Инаку, рокот за поднесување на апликативните формулари беше до 30 април, но, како што кажа премиерот, биле оставени неколку дена за оние проекти кои се чека да стигнат по пошта.
„Сите општини, 80 општини поднесоа апликации за реализација на проекти од вториот повик и можам да кажам дека сега имаме близу 900 само од вториот проект. Или кога ќе се соберат од првиот и вториот проект заедно, тогаш ќе имаме вкупно 1 200. Тоа се 1 200 градилишта во Македонија“,
рече Мицкоски.
Ова околност, тој ја оцени како историска, односно, како што додаде, вековна работа.
„Тоа го правиме за идните генерации, но и за денешните генерации коишто заслужуваат подобри услови за живот. Ние ќе продолжиме да реализираме и во периодот којшто следи и очекувајте многу убави вести следните неколку месеци и за граѓаните и за Македонија како држава, бидејќи ќе повторам добро е да се гради, тоа е она за што нè избрале граѓаните“,
порача премиерот.
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој денеска беше заедно со премиерот во Кавадарци и му ја соопштил веста, оцени дека вредноста на проектите поднесени од општините на двата повика што ги објави Владата ќе надмине 20 милијарди денари, односно околу 325 милиони евра.
Најголем дел од апликациите, како што изјави Перински, се за подобрување на патната инфраструктура, но има и проекти за заштита на животната средина, односно за уредување речни корита, тревни и парковски површини, како и за изградба и доградба на училишта и градники.
Тој информираше за фазата во која се наоѓаат проектите од првиот повик, за кои рече дека преку 90 отсто веќе се реализираат.
„Од првиот јавен повик има 288 проекти, од кои преку 90 отсто веќе се реализираат, а голем дел се и завршени. До денеска на вториот повик има 887 проекти од сите 80 општини, но до понеделник можеби бројката ќе се зголеми. Широк е дијапазонот на проекти од општините кои се финансирале од централниот буџет. Се надевам дека оваа проактивност на градоначалниците ќе продолжи. Презадоволни сме како Влада од фидбекот што го добивме и самите бројки тоа го зборуваат, околу 1 200 проекти се навистина импозантна бројка“,
рече министерот за локална самоуправа.

Во рамки на првиот повик, рече, се склучени договори во вредност од скоро 4, 6 милијарди денари, а на вториот за кој се уште се сондираат бројките, пристигнати се апликативни формулари од близу 16 милијарди денари.
„Вредноста на сите проекти ќе надмине 20 милијарди денари што е навистина импозантна бројка“,
рече тој.