Причина за ваквата зголемена гужва на некои од граничните премини е денешниот неработен ден по повод 1 Мај
Зголемена фреквенција на возила од утрово е забележана на граничните премини „Табановце“ кон Србија и „Богородица“ кон Грција. Времето на чекање за излез од државата е околу половина час.

На веб-страницата на ЈП „Државни патишта“ може да се направи увид каква е состојбата на граничните премини за излез од државата.
Така, на граничниот премин „Богородица“ кон Грција се гледаат колони возила како чекаат за излез од државата.
Причина за ваквата зголемена гужва на некои од граничните премини е денешниот неработен ден по повод 1 Мај.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од Авто-мото сојузот (АМСМ) утрово апелираат до возачите внимателно да управуваат со возилата и да ја приспособуваат брзината на движење со поставената сообраќајна сигнализација.