Од вкупно новодијагностицираните 38 случаи со ковид-19, најмногу – 24 се од Скопје, соопштија од Министерството за здравство, врз основа на податоците од Институтот за јавно здравје.
Ковид-19: Тројца починати, 16 оздравени и 38 новозаразени
Од овие 24 заболени во Скопје, најмногу се од Сарај – 7, потоа од Бутел – 4, од Чаир и Аеродром по 3, Студеничани и Шуто Оризари по 2 и по еден случај од Гази Баба, Кисела Вода и Карпош.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2 077, бројката на оздравени пациенти е 1 486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469 лица.
