За време на велигденскиот викенд, Русија еднострано прогласи 30-часовен прекин на огнот, но украинските власти ја обвинија Москва за речиси 3 000 прекршувања на тој прекин на огнот, вклучувајќи повеќе од 1 800 артилериски напади, 96 напади и стотици напади со беспилотни летала
Русија објави дека планира да ги прекине борбите во Украина од полноќ на 7 мај до 11 мај, по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна. Кремљ на Телеграм порача како верува дека и украинската страна ќе го следи го следи овој пример.

Во соопштението се додава дека во случај на кршење на прекинот на огнот од страна на Украина, вооружените сили на Руската Федерација ќе обезбедат соодветен и ефикасен одговор. Кремљ, исто така, повтори дека руската страна е подготвена за мировни преговори без предуслови, насочени кон елиминирање на основните причини за украинската криза и конструктивна соработка со меѓународните партнери.
За време на велигденскиот викенд, Русија еднострано прогласи 30-часовен прекин на огнот, но украинските власти ја обвинија Москва за речиси 3 000 прекршувања на тој прекин на огнот, вклучувајќи повеќе од 1 800 артилериски напади, 96 напади и стотици напади со беспилотни летала.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потоа изјави дека Украина ќе одговори „со тишина за тишина, удари за удари“, нагласувајќи дека довербата во руските најави е ограничена поради минатите искуства со раскинување на договорите.
Русија објави дека е подготвена да води разговори со Украина без никакви предуслови, но речиси истовремено рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изнесе низа јасни барања што откриваат дека Москва има услови за преговори.