Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува вицепремиерот, министер за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, се емитува вечерва (28 април 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Дали наесен ќе има предвремени парламентарни избори заедно со локалните, е една од темите на кои разговараме со вицепремиерот, министер за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Го прашуваме и колку кризата во ВЛЕН влијае на стабилноста и компактноста на Владата и дали Арбен Таравари треба да ја напушти власта. Значен дел од интервјуто е посветен на најавите од премиерот Христијан Мицкоски за инвестициски бран од 5-6 милијарди евра. Па, со Николоски разговараме за тоа што е разговарано во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и дали најавата на премиерот дека инвеститор од ОАЕ ќе гради „лендмарк не само за Скопје и Македонија, туку и за регионот“ кај касарната „Илинден“ е, всушност, најава за нашиот „Белград на вода“. Тема е и неодамнешна посета на вицепремиерот на Обединетото Кралство. Во интервјуто ги отвораме и прашањата за штотуку донесените измени на Законот за градење и за динамиката на изградба на автопатот Кичево-Охрид и на делниците на кои работи „Бехтел и Енка“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.