Осомничениот ѝ е познат на полицијата и пред нападот. Отфрлена е можноста дека тој го извршил нападот од екстремистички мотив, наведувајќи ја неговата историја на проблеми со менталното здравје
Триесетгодишен маж е обвинет за осум обвиненија за убиство од втор степен откако во саботата со својот автомобил влета на уличен фестивал на филипинската заедница во Ванкувер, Канада, при што загинаа 11 лица, а десетици се повредени, пренесува канадската телевизија Си-би-си.

Осомничениот и е познат на полицијата и пред нападот. Отфрлена е можноста дека тој го извршил нападот од екстремистички мотив, наведувајќи ја неговата историја на проблеми со менталното здравје.
Организаторите на годишниот фестивал „Лапу Лапу“ соопштија дека филипинската заедница во Ванкувер е во жалост и дека ефектите од нападот ќе се чувствуваат со години.
Полицијата соопшти дека жртвите се на возраст од 5 до 65 години.
Нападот се случил завчера околу 08:14 часот по локално време во јужниот дел на Ванкувер. Неколку очевидци го опишаа моментот кога автомобилот влетал во толпата како „невиден ужас“.
Фестивалот во Ванкувер, град со повеќе од 140 000 Филипини, се одржува секоја година во чест на Лапу-Лапу, национален херој кој се спротивставил на шпанската колонизација во 16 век.
Инаку, полицијата извршила проценка на безбедносната закана пред фестивалот и делумно го затворила патот зад училиштето каде се случувале поголемиот број од настаните.