Индонезиската болница во Џабалија објави дека примила девет тела по нападот на полициска станица во овој град на северот од палестинската територија
Најмалку 55 лица, меѓу кои и шестчлена фамилија, загинаа утрово при израелските воздушни напади врз Појасот Газа, соопштија палестински претставници.

Индонезиската болница во Џабалија објави дека примила девет тела по нападот на полициска станица во овој град на северот од палестинската територија.
Во друг воздушен напад, врз куќа во северниот дел на градот Газа, убиена е шестчлена фамилија – брачен пар и нивните четири деца, соопштија од Цивилната одбрана. Во истиот напад, загинале и уште шест други лица.
Во неколку други напади, особено во Кан Јунис, Ал Заваида и градот Газа, загинаа најмалку 40 лица.
Израелската армија потврди дека извршила напади, нагласувајќи дека целта на истите биле терористи кои дејствувале од команден и контролен центар на Хамас и Исламски џихад.