Ова е прво американско лансирање ракета од американска територија со човечки екипаж по девет години пауза
Лансирањето на вселенскиот брод „Кру драгон“ синоќа беше одложено поради лошите временски услови и е презакажано за в сабота.
Ракетата на компанијата „Спејс икс“ треба да ја пренесе капсулата со двајца американски астронаути, Даг Харли и Боб Бенкен, на Меѓународната вселенска станица (МВС).
Тоа е прво американско лансирање ракета од американска територија со човечки екипаж по девет години пауза. Шатл-програмата за превоз на луѓе и товар на МВС беше стопирана од НАСА во 2011 година, кога Агенцијата во вселената го прати својот последен вселенски брод „Атлантис“.