Според шефицата на европската дипломатија, Киев и неговите европски поддржувачи се надеваат дека Вашингтон ќе усвои поостра линија кон Москва

САД не ги искористија „сите инструменти“ што им стојат на располагање за да извршат притисок врз Русија, изјави денеска високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас.
Таа ја обвини Москва дека се обидува да купи време со велигденското примирје со Украина.
„Тие не се држат до примирјето. Јасно е дека Русија ги игра сите овие игри за да одложи и дека навистина не сака мир. Тие мислат дека времето е на нивна страна, па затоа не покажуваат никакви добри знаци или добра волја“,
вели Калас во интервју за АФП.
Според Калас, руската најава за 30-часовно примирје за време на викендот е трик со цел да се спречи Трамп да „ги загуби нервите“ со Кремљ.
„Тие мислат дека времето е на нивна страна, затоа не даваат никакви позитивни сигнали и не покажуваат добра волја“,
додаде таа.
Според шефицата на европската дипломатија, Киев и неговите европски поддржувачи се надеваат дека Вашингтон ќе усвои поостра линија кон Москва.
„Тие имаат алатки во рацете за да извршат притисок врз Русија, не ги искористија. Ако сега заминуваат без да ги користат тие алатки, тогаш мојот голем знак прашалник е зошто?“,
прашува таа.
Таа, исто така, рече дека се плаши оти Трамп може да ги „измие рацете“ од војната во Украина, но дека без оглед на тоа, сепак сака да продолжи да ги одржува договорите и бизнисот со Москва „како и обично“.
Според неа, САД би направиле грешка доколку размислуваат за признавање на Крим, украинска територија анектирана од Москва во 2014 година, како дел од договорот меѓу Русија и Украина. – за руска територија.
Таа нагласи дека ЕУ, од своја страна, никогаш нема да го признае полуостровот што Москва го окупираше во 2014 година.
„Крим е Украина. За оние кои се окупирани многу значи дека другите не го сметаат за руски“,
нагласува Калас.
Калас смета дека ЕУ не треба да ублажи ниту една од санкциите на Москва додека Русија не докаже дека се придржува кон каков било конечен мировен договор.
„Мора да видиме веродостоен доказ од руската страна дека се држат до договорот пред да преземеме такви чекори“,
додава таа.
Сојузниците на Украина утре ќе се состанат во Лондон за да разговараат за предлозите на САД за ставање крај на војната.
Во синоќешното видеообраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Украина чека јасен одговор од Русија дали ќе го прифати предлогот за прекин на огнот врз цивилни цели.
Инаку, по прекинот на огнот за Велигден, што во саботата еднострано го објави рускиот претседател, борбите меѓу завојуваните страни продолжија.
Украинските власти известија за десетици руски ракетни и беспилотни напади на 21 април, додека напад на украинско беспилотно летало беше пријавен во рускиот регион Белгород.
Извештаи за руски напади на повеќе украински градови се објавени и денеска рано наутро, а меѓу целите бил и украинското пристаништен град Одеса, каде што станбени објекти биле погодени со беспилотни летала.