МВР заедно со другите инспекциски служби ќе ги зголеми контролите во угостителските објекти за тоа дали се почитуваат препораките и мерките за заштите од ширење на коронавирусот откако беа укинати другите мерки, најави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Контролите ќе бидат зајакнати и за користење на мерките за лична заштита и за забраната за групирање.
„МВР во текот на денешниот ден имаше оперативна координација на која ги разгледавме идните начини на дејствување што предвидува зајакнати контроли во однос на личната заштита и забраната за групирање, односно држењето физичко растојание“,
рече Чулев на прес-конференцијата.
Поради укинување на полицискиот час, ќе бидат укинати и досегашните полициски пунктови за контрола.
