Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, наредните денови се очекува топло време со пораст на температурите. За утре се најавуваат услови за појава на нестабилност со локални врнежи од дожд и засилен ветер од северен правец
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува умерен, а во источните делови и долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од минус два до шест Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 11 до 19 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 19 Целзиусови степени.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, наредните денови се очекува топло време со пораст на температурите. За утре се најавуваат услови за појава на нестабилност со локални врнежи од дожд и засилен ветер од северен правец кој наместа ќе дува и со брзина од над 70 километри на час.