На терен пожарот го гасеа четворица пожарникари со едно противпожарно возило
Опожарено е патничко моторно возило во близина на Клиниката за Гинекологија во Скопје, информираат денеска од Противпожарната бригада на Град Скопје.
Во изјава за „360 степени“, командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски рече дека дојавата за пожар е добиена утрово после 9 часот, а на терен интервенираа четворица пожарникари со едно противпожарно возило.

„Опожарено е патничко моторно возило на улицата ‘Владимир Назор‘ во Скопје. Нашите екипи веднаш се упатија на местото на настанот. Пожарот е веќе изгаснат и екипите се враќаат во централата“,
рече тој.
Посочи освен причинета материјална штета, немало опасност од ширење на пожарот.