Во Шпанија од денеска е прогласена десетдневна жалост за жртвите од коронавирус, најдолг период на жалост во оваа земја во последните 40 години.
За време на деновите на жалост знамињата на повеќе од 14 000 институции и пловни објекти ќе бидат на половина копје.
Шпанскиот крал Филипе Шести ќе ја предводи церемонијата на сеќавање откако земјата ќе излезе од карантин, воведен пред 2,5 месеци.
Во Шпанија од последици од новиот коронавирус починаа 27 117 луѓе од вкупно 283 339 инфицирани лица. Од нив 196 958 оздравеле, а во моментов има 59 264 активни случаи.
Портпаролката на шпанската влада Марија Хесус Монтеро изјави дека над 80 проценти од починатите се лица постари од 70 години, кои учествувале во изградбата на денешната држава.