ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, на која ја обвини опозицијата дека ја опструира работата на техничката влада и порача дека решението е час поскоро да има избори.
Во соопштението до јавноста, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја обвини власта дека вештачки прикажува дека пандемијата е под контрола само за да се организираат избори.
„Само Костадин Костадинов може да излезе и да бара брзи избори во ден кога имаме 3 нови мртви од коронавирус. СДСМ некрофилска и Зоран Заев се во борба за спас на власта и по цена на човечки животи. Република Македонија е единствена држава од регионот каде што немаме намалување на бројот на случаи од коронавирус, иако државите од опкружувањето веќе и по 10 дена немаат ниту еден нов случај. Денеска во Република Македонија имаме 3 новопочинати од коронавирус, а Зоран Заев при полна свесност бара избори. Тоа е организирано убиство од политички побуди Зоран Заев и СДСМ свесно го ставаат животот на граѓаните во опасност, единствено за да ја задржат власта. Со СДСМ имаме само деструкција и загуби. Потребна е итна стратегија за обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ знае како“,
се вели во партиското соопштение.
