Комисијата за заразни болести ги демантира информациите дека на утринскиот состанок е донесена одлука за целосно олабавување на мерките заради тоа што тие не се почитувале од граѓаните, соопштија од Министерството за здравство.
„Сите досегашни мерки и предлози до Владата, Комисијата за заразни болести ги носи врз основа на темелни анализи на состојбата со епидемијата во земјата. Денеска на прес-конференција, ставот на Комисијата детално ќе го образложи доктор Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести“,
најавуваат од Министерството.
Сепак, во реакцијата од здравствените власти ниту се потврдува ниту се демантира дека има препорака за олабавување на мерките, но од други причини.
Ваквата реакција доаѓа откако во јавноста беше објавено дека се предлага омекнување на рестрикциите, меѓу кои и укинување на полицискиот час од причини што граѓаните не го почитувале.
