Вкупната бројка на заразени од почетокот на епидемијата стигна до 2 014, од кои 445 се активни. Девет од новите случаи на коронавирус се во Скопје, a пет во Штип
По два дена без смртни случаи од ковид-19, во последното деноноќие починаа двајца пациенти, а регистрирани се 16 новозаразени од 314 тестирања, од кои 169 се во рамки на скринингот. Бројката на заразени од почетокот на епидемијата во земјава надмина две илјади, од кои 116 се почнати.
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти – тројца во Скопје и 11 во Тетово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Велес (78 години), хоспитализирана на 14 мај. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Тетово (84 години), примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје (76години), примена на 19 мај, соопштија од ресорното Министерство.
Во последните 24 часа направени се 314 тестирања, а регистрирани се е 16 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје – 9, Штип – 5, Струга – 1 и Гостивар – 1.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2 014, бројката на оздравени пациенти е 1 453, на починати е 116. Моментно бројот на активни случаи во земјата изнесува 445. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 733, активни 208
• Куманово – 436, активни 35
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 46, активни 11
• Прилеп – 210, активни 46
• Тетово – 177, активни 70
• Струга – 76, активни 9
• Велес – 127, активни 40
• Битола –28, активни 7
• Охрид – 23, активни 8
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар – 22, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка – 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 0
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино – 10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 0
• Делчево – 1, активни 0
• Валандово – 1, активни 0
• Виница – 3, активни 1
• Кратово – 2, активни 1
• Берово – 1, активни 0
• Свети Николе – 1, активни 1
Направените 314 теста се преку: ИЈЗ – 292, „Филип Втори“ – 9, Систина со PCR-метода – 13 и МАНУ – 0. Досега во земјата се направени вкупно 25 841 тестирања на ковид-19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 169 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.
Кај лицето кое на 24 мај, преку скринингот во геронтолошка установа во Скопје е запишано со позитивен резултат, направен е технички превид при евиденција и согласно испрвката направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се три нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. На кислородна поддршка се 25, а на механичка вентилација се три пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет нови, а вкупно хоспитализирани 22 пациенти. На респиратор се седум, a со потешка клиничка слика се уште пет пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани четири пациенти, а на домашно лекување се следат уште четворица. Во болницата во Штип се хоспитализирани пет пациенти, на домашно лекување се следи еден. На инфективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 41 пациент- позитивни и сомнителни на ковид-19.
*Поврзани вести
Штипска конфекција е привремено затворена поради шест заразени работнички со ковид-19
