Од минатата недела Бразил е на второто место во светот по бројот на заразени, по САД, со повеќе од 360 000 потврдени случаи на коронавирус и речиси 30 000 смртни случаи
Светската здравствена организација го предупреди Бразил да не ја покренува својата економија пред да спроведе пошироко тестирање за да го стави под контрола ширењето на коронавирусот.
Извршниот директор на организацијата за вонредни ситуации Мајкл Рајан на прес-конференција рече дека интензивната стапка на пренос на заразата во Бразил значи дека треба да задржи во сила некаква форма на мерки за домашна изолација, без оглед на негативните последици по економијата.
Предупредувањето од СЗО доаѓа по изјавата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој и самиот беше болен од ковид-19, дека се работи за „мал грип“ и ги повика компаниите да ги отворат своите бизниси.
Гувернерот на Сао Паоло, Жоао Дорија, го отфрли воведувањето целосен карантин во најголемата економија во Бразил и најави дека на 1 јуни ќе почне со олеснување на ограничувањата.

Градоначалникот на Рио де Жанеиро, Марсело Кривеља, кој е и евангелски епископ, пак, најави дека црквите ќе можат да ги отворат своите врати, но верниците ќе мора да задржат растојание од најмалку два метра, и покрај препораките дека луѓето остануваат дома.
Од минатата недела Бразил е на второто место во светот по бројот на заразени, по САД, со повеќе од 360 000 потврдени случаи на коронавирус и речиси 30 000 смртни случаи.