Поради ситуацијата со ковид-19 има нов протокол за движење и придржување кон мерките
Посетителите од денеска повторно ќе можат да се дружат и да уживаат со животните во Зоолошката градина во Скопје.
Зоолошка градина Скопје која беше затворена како дел од мерките за заштита и спречување наширењето на коронавирусот ги отвора вратите од 9:00 часот, но поради ситуацијата со ковид-19 има нов протокол за движење и придржување кон мерките:
-посетителите при влез во Зоо Скопје ќе треба да носат маска или марама,
-ред ќе се чека на дистанца од 1,5 м која е уредно обележано,
-бројот на посетители ќе биде ограничен за да не се создава поголема гужва,
-строго е забрането хранење и доближување до животните,
-не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта,
-низ зоолошката градина, посетителите ќе мора да држат дистанца од другите посетители.
