За време на претресот во канцеларијата на Пазарниот инспекторат во Кочани, пак, полицијата одзела еден компјутер, еден лаптоп и еден таблет, како и целата документација поврзана со правните субјекти во сопственост на Д.Ј.
За време на претресот во домот на сопственикот на т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, полицијата вчера одзела лаптоп-компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети.

За време на претресите, како што информираат од МВР, одземени се и одредени предмети од возилото на сопственикот и два угостителски објекти. Пронајдена и одземена е и финансиска документација.
„На 25.03.2025 од страна на полициски службеници извршени се претреси во домот на Д.Ј., неговото возило ‘инсигниа’ и два угостителски објекти, како и во Државен пазарен инспекторат – канцеларија Кочани“,
информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
Од канцеларијата на ДПИ во Кочани полицијата одземала еден компјутер, еден лаптоп и еден таблет, како и целата документација поврзана со правните субјекти во сопственост на Д.Ј.
Од Јавното обвинителство вчера информираа дека во рамки на истрагата за трагедијата во т.н. кабаре „Пулс“ се вршат претреси на пет локации во Кочани и во Скопје.