„Утрово се разбудив со 50 пораки, со прашања дали давам оставка. Фокусиран сум на работата во Министерството и ќе продолжам да работам и на 1, 2 и на 5 април“, вели министерот за здравство
Фокусиран сум на работата во Министерството за здравство. Односите меѓу партнерите во коалицијата се добри и стабилни, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари одговарајќи на новинарско прашање во врска со објавите во дел од медиумите дека тој ќе раководи со ресорот здравство до април годинава.

„Утрово се разбудив со 50 пораки, со прашања дали давам оставка. Фокусиран сум на работата во Министерството и ќе продолжам да работам и на 1, 2 и на 5 април“,
рече тој.
Додаде дека е фокусиран на она што е важно за пациентите, како добрососотојбата на повредените од Кочани, но и генерално за сите граѓани во државата.
