Од Министерството за внатрешни работи за „360 степени“ вечерва го потврдија настанот за кој велат дека се случил кај арената „Тодор Проески“ во Скопје и дека трагаат по сторителите

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа огномет, а во објавата пишува „10 минути огномет. Што народ живее овде? Какви луѓе се ова?“.
Според околината што се гледа на видеото, огнометот бил активиран на кејот на Вардар во Скопје. На објавата кометираат граѓани што велат дека живеат во близина и дека го виделе огнометот. Негодуваат и ја повикуваат полицијата да постапува. Некои пишуваат дека виделе како некој го запалил огнометот и побегнал.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за „360 степени“ вечерва го потврдија настанот за кој велат дека се случил кај арената „Тодор Проески“ во Скопје и дека трагаат по сторителите.
„Вечерва во 21:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на кејот на реката Вардар во близина на хотел и стадионот ‘Тодор Проески’ имало огномет. Веднаш по добиената пријава полициски службеници се упатени на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот“,
велат од МВР.