„Тој бил фатен во угостителски објект во Скопје при примање поткуп. Имено, тој побарал поткуп од 13 000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети, а требало да се исплати во неколку рати. Лицето е лишено од слобода при исплата на парите од првата рата во објектот во Скопје, откако биле претходно криминалистичко – технички обработени“, соопшти МВР

Раководител на Одделението за урбанизам и комунални дејности при општина Маврово-Ростуше бил фатен како зема поткуп во угостителски објект во Скопје.
Веста ја соопшти полицијата од каде велат дека осомничениот бил фатен на самото место со дел од парите што ги побарал. Веднаш бил приведен, а извршен е претрес и во службеното возило.
„Денеска (19.03.2025 г.), полициски службеници го лишиле од слобода С.Е., раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово-Ростуше. Тој бил фатен во угостителски објект во Скопје при примање поткуп. Имено, тој побарал поткуп од 13 000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети, а требало да се исплати во неколку рати. Лицето е лишено од слобода при исплата на парите од првата рата во објектот во Скопје, откако биле претходно криминалистичко – технички обработени. Исто така, бил извршен претрес на лицето и службеното возило и биле пронајдени предмети од интерес на истрагата. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“,
информира МВР.
Премиерот Христијан Мицкоски, вечерва во интервју за ТВ Сител го коментираше случајот посочувајќи колку длабоко и насекаде е навлезена корупцијата.
„Замислете системот каков ни е. Ние имаме 59 жртви, имаме 170-180 луѓе што се борат за живот, тој мртов ладен си оди во угостителски објект и си се договара за 13 000 евра мито, си го зема митото и никому ништо“,
рече Мицкоски