Тие системи се во нашите магацини во кутии. Тие се во сопственост на МВР, но не се пуштени во употреба или монтирани на ниту едно наше возило или систем, рече Дачиќ кој претходно тврдеше дека полицијата не поседува звучно оружје
Српската влада испратила барање до ФБИ и до Руската служба за безбедност (ФСБ) да истражат дали бил употребен звучен топ за време на протестот на 15 март што се одржа во Белград. Премиерот Милош Вучевиќ за ТВ Пинк изјави дека тој лично го потпишал барањето по разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ и преку Министерството за надворешни работи, поточно преку српските амбасади во Вашингтон и Москва, биле доставени барањата до безбедносните служби.
„Поканивме две од најрелевантните и најпознатите светски безбедносни служби, ова е прашање за експерти, ова е прашање за професионалци и ова мора да се истражи до крај“,
вели Вучевиќ.

Вучевиќ го повтори ставот дека звучен топ не бил употребен од страна на полицијата за време на протестите.
„За тоа не беше издадена наредба, никој не ја виде таа направа. Невозможно е да немате здравствени повреди во моментот на употребата на тој уред. Таквата направа произведува непосредни последици“,
додаде Вучевиќ.
Претходно српската полиција демантираше дека поседува звучно оружје кое е забрането, но министерот за внатрешен работи Ивица Дачиќ на вчерашната седница на Комисијата за безбедност на парламентот потврдил дека Србија има набавено звучен топ од американската компанија „Генесис“ – LRAD 100X и дека овие системи се во сопственост на полицијата од 2021 година, пренесува весникот „Данас“.
„Тие системи се во нашите магацини во кутии. Тие се во сопственост на МВР, но не се пуштени во употреба или монтирани на ниту едно наше возило или систем“,
рече Дачиќ.
На прашањето зошто претходно изјавил дека МВР не поседува звучен топ или друго слично звучно оружје, министерот се правда дека станувало збор за несмасна изјава. Според него, се мислело на тоа дека МВР не го вклучува во својот арсенал.

Како што пренесува Н1, потпретседателката на ССП, Мариника Тепиќ, објави фотографија од 15 март на која на полициски џип во близина на парламентот, може да се види направа што личи на звучен топ.
Фотографијата која на социјалната мрежа Икс ја сподели Тепиќ е направена од една од зградите во центарот на Белград од каде што се гледаат полициски сили распоредени околу парламентот, додека на плоштадот трае протестот организиран од студентите.
Beograd, subota 15. mart 2025.
— Marinika Tepić (@MarinikaTepic) March 19, 2025
Desno – skup studenata i građana
Levo – POLICIJA DRŽI ZVUČNI TOP na džipu kod Narodne skupštine države Srbije❗️
Vlast je ugrozila živote ljudi.
Upotrebili su zvučne uređaje koje su rasporedili po gradu.
Skupštinu Srbije su zato ispraznili da bi… pic.twitter.com/KCtFvWpqea
MOŽDA IZ OVOG UGLA MALO? pic.twitter.com/mfVf16MNbv
— Kristal Met Dejmon (@good_neighbor) March 19, 2025
За време на протестот што се одржа во саботата во Белград, кога насобраните граѓани оддаваа почит со 15 минути молк во чест на загинатите при падот на натстрешницата во Нови Сад, во еден момент се слуша силен предупредувачки звук што предизвика паника и туркање меѓу граѓаните.
Инцидентите се случија околу 19 и 30 часот, по што редарските служби ги тргнаа ознаките и се повлекоа со предупредување за повлекување од просторот околу парламентот и плоштадот „Славија“.