Насобраните граѓани оставаа цвеќе, палеа свеќи и ги вклучија светилките на мобилните телефони изразувајќи почит кон жртвите
Илјадници граѓани вечерва се собраа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, оддавајќи им почит на 59 трагично загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Во текот на целиот собир владееше тишината. Со 16-минутен молк во 18:59 часот, граѓаните им оддадоа почит на загинатите – 59 во знак на бројот на починати, а 16 како симболика на датумот кога се случи трагедијата.
Насобраните граѓани оставаа цвеќе, палеа свеќи и ги вклучија светилките на мобилните телефони, правејќи ѕвездено небо и изразувајќи почит кон жртвите.












Фото: 360 степени
„Вашиот систем уби една цела генерација иднина“, „Ќе немаше волку крв да беше сè по закон“, „Рекордери во денови на жалост“, „Жртви на корупција“ – беа дел од транспарентите на присутните на собирот.
Собирот беше на иницијатива на движењето „Кој е следен“ кое се формира по смртта на Фросина Кулакова која беше прегазена во сообраќајна несреќа на 29 јануари годинава.