Според информациите од МНР, девет пациенти се испратени на лекување во Турција, 14 во Бугарија, 4 во Грција, 17 во Србија, 4 во Литванија со авион од Романија и два во Унгарија. Се очекува во текот на денот да заминат уште 6 пациенти во Австрија, 4 во Словенија, 4 во Хрватска и 4 вклучително за Норвешка и Унгарија.
МНР преку кризниот штаб го координираше процесот на испраќање на повредените македонски граѓани од пожарот во Кочани, информрира министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој на прес-конференција кажа дека остварил директна комуникација со министерите за надворешни работи на Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, Турција, Црна Гора, Холандија, Косово , Малта, Израел, Унгарија, Албанија, Словенија и Босна и Херцеговина, како и со Ричард Гренел во име на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп.
„Во сите тие разговори беше изразено сочувство од страна на нашите пријатели и беше понудена помош во форма на материјално-техничка средства, човечки капацитети медицинска нега, за пациентите за кои стручните медицински лица утврдуваат дали и за кого е неопходно лекувањето да продолжи во странство. До овој момент вкупно 51 граѓанин е испратен на лекување“,
соопшти Муцунски.

Според информациите од МНР, девет пациенти се испратени на лекување во Турција, 14 во Бугарија, 4 во Грција, 17 во Србија, 4 во Литванија со авион од Романија и два во Унгарија. Се очекува во текот на денот да заминат уште 6 пациенти во Австрија, 4 во Словенија, 4 во Хрватска и 4 вклучително за Норвешка и Унгарија.
„За давање медицинска помош на повредените пациенти во земјава дополнително синоќа стигна медицински тим од Чешк , а се очекува да пристигне специјализиран медицински тим од Израел и од Белгија. Во секоја земја каде што се испратени пациенти на лекување, МНР има определено контакт-лице кое е достапно 24 часа за родителите и семејствата на пациентите за било каква помош и поддршка“
соопшти Муцунски.
Муцунски најави дека на владина седница ќе предложи преку СОЗР да се покријат трошоците за пат и престој во странство за членовите на семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство. Тој потенцира и дека активиран е механизмот за цивилна заштита на ЕУ, што претставува систем на координација на помошта меѓу сите земји членки на Унијата и други земји членки, од каде во следните денови се очекува дополнителна помош.
Одлуката за тоа дали ќе се транспортираат поединци и кога и каде ќе се транспортираат, ја праваат стручни медицински лица во земјата и можно е до вечер да се искористи и шведската понуда за помош. Првите повици кои ги добил не биле во рамки на механизмот на ЕУ, понудите за помош биле на билатерална основа.
„Има два аспекти од овој механизам. Едното е да се преземат пациенти и да се транспортираат во други држави. А вториот аспект се медицинските тимови кои доаѓаат тука од Чешка, Израел и Белгија кои ќе им помагаат на нашите лекари тука. Преку механизмот на ЕУ е многу полесно да се искористи оваа помош , но процесот вклучува извесна бирократија и во таа смисла да се заблагодарам на сите нации кои не контактираа, не чекаа и веднаш за помалку од 12 часа ги пренесовме пациентите надвор од државата. Тоа се пациентите кои отидоа во Солун, Грција“,
додаде Муцунски.