Телеграмата е испратена до бискупот Киро Стојанов, a е потпишана од кардиналот Пјетро Паролин, генерален секретар на Ватикан

„Најдлабоко сочувство“ изрази папата Франциск за синоќешната трагедија во Кочани во која починаа 59 лица , а 155 се повредени. Папата повика на духовно заедништво со повредените.
Телеграмата е испратена до бискупот Киро Стојанов, a е потпишана од кардиналот Пјетро Паролин, генерален секретар на Ватикан.
„Починатите ќе ги паметиме во нашите молитви“,
напиша папата Франциск во телеграмата.
Она што е познато засега, бројот на загинати се искачи на 59 лица, меѓу нив е и еден полициски службеник. Од повредените, дваесетина со најтешки повреди од пожарот ќе се лекуваат во странство.
На седница на Владата, која се ќе одржи денеска попладне во 16 часот, ќе биде прогласена седумдневна жалост, а ќе се донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки и ресторани.
Во меѓувреме постојано пристигнуваат реакции од европски и светски лидери за трагичниот настан.