„Испратени се пораки за обединување и сила за справување со последиците од трагичниот настан“, се додава во информацијата од Владата
Премиерот Христијан Мицкоски денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во врска со несреќата во дискотеката во Кочани во која загинаа 59 лица, а повеќе од 150 се повредени.

Според информациите што ги сподели Владата, во контекст на несреќата во Кочани, премиерот и генсекот на НАТО разговарале за можно активирање на НАТО-системот за справување со несреќи
„Испратени се пораки за обединување и сила за справување со последиците од трагичниот настан. Во овие моменти остануваме обединети и одлучни во борбата против корупцијата, промена на системот и одговорност за причинителите на несреќата“,
додаваат од Владата.
Претходно денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски информира дека од утринава телефонски разговарал со свои колеги од повеќе држави кои изразиле сочувство за несреќата во Кочани и ги понудиле својата помош, поддршка и капацитети на располагање на нашата држава.