На седницата, која се ќе одржи денеска попладне во 16 часот, како што додаваат од Владата, покрај одлуката за седумдневна жалост, ќе се донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки и ресторани
Владата информира дека на денешната седница ќе прогласи седумдневна жалост во врска со несреќата во дискотеката во Кочани во која, според последниот биланс, загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.

На седницата, која се ќе одржи денеска попладне во 16 часот, како што додаваат од Владата, покрај одлуката со која ќе се прогласи седумдневна жалост во државата, ќе се донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки и ресторани – приредувачи на забави.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски претходно денеска изјави дека во врска со несреќата во дискотеката во Кочани е распишана централна потерница за четири лица.