Општина Гази Баба, во координација со Владата, а во соработка со ДУЦОР „Партенија Зографски“ и студенскиот дом „Томе Стефановски Сениќ“ ќе обезбеди сместување и храна за членовите на семејствата кои имаат свои повредени на лекување во болниците во Скопје, информира градоначалникот Бобан Стефковски.
„Во овие моменти на силна болка и тага во нашите срца потребно е да се организираме и да ја покажеме нашата солидарност, хуманост и сочувствителност. Дополнително ќе обезбедиме и храна и вода кои ќе бидат доставени пред болниците во Скопје“,
напиша Стефковски на Фејсбук.
На секој граѓанин на кого му е потребно сместување и престој во Скопје може да се јави на следните телефонски броеви:
Игор Петрески – 075430106 претставник на ДУЦОР Партенија Зографски
Иван Симоновски – 078292582, директор на Студенскиот дом Томе Стефановски Сениќ
Перица Пешевски – 075336338 претставник на општина Гази Баба