Во моментов, како што додаваат од Институтот нема потреба од вонредно дарување крв
Институтот за трансфузиона медицина информира дека располага со доволни количини безбедна крв и крвни компоненти од сите крвни групи за повредените во несреќата во Кочани.

Во моментов, како што додаваат, нема потреба од вонредно дарување крв.
„Благодарение на континуираната поддршка од нашите хумани крводарители нашата институција успешно ги задоволува барањата за сите пациенти“,
посочуваат од Институтот за трансфузиона медицина.
Оттаму изразуваат и сочувство до семјствата на жртвите во несреќата и додаваат оти остануваат достапни во обезбедување медицинска помош за сите оние кои имаат потреба.
Повредените во несреќата во Кочани, чиј вкупен број е околу 118, се пренесени на лекување во болниците ширум државата, а голем дел од нив се на скопските клиники.