Таравари не сакаше да каже дали некој од повредените што се примени во болниците им подлегнал на повредите. Нагласи дека засега има доволни количини крвни единици, но доколку има потреба ќе упатат апел до граѓаните за дарување крв
Околу 118 повредни се донесени на клиники низ државата, рече министерот за здравство Арбен Таравари на прес-конференција. Најави дека нешто подоцна ќе соопшти повеќе детали пред Ургентниот центар во Скопје.
Таравари не сакаше да каже дали некој од повредените што се примени во болниците им подлегнал на повредите.
Нагласи дека засега има доволни количини крвни единици, но доколку има потреба ќе упатат апел до граѓаните за дарување крв.
Рече дека болниците имаат капацитет и дека на сите лица што се примени во болница им е укажана помош, но не прецизираше за какви повреди станува збор.
„Сите наши капацитети се ставени во функција и се надевам дека ќе дадеме се од себе за да спасиме што е можно повеќе животи на децата на кои им се случи трагедијата“,
рече Тараври.