Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, земјава урива рекорди на заразени со ковид-19 наспроти другите земји од регионот.
Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во последно деноноќие има 37 новозаболени, а Словенија четири дена по ред нема заболен од ковид-19.
„Додека во регионот државите се фалат како неколку денови немаат новозаразени, Македонија е на врвот по заразени. Словенија прогласи пред некое време и крај на корона-кризата. Во Хрватска, во последното деноноќие, има само еден новозаболен од ковид-19. Кај нас досега се направени околу 25 илјади тестирања што е три пати помалку во однос на Словенија која има 74.419, а Хрватска 61.482. Додека во регионот главна тема е справувањето со економските последици, во Македонија с еуште се бројат новозаболени лица и лица кои добиваат решенија за самоизолација и изолација“,
се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, ваквите состојби се резултат на несоодветни и задоцнети мерки.
