Тензии во Ерусалим предизвика првото судско рочиште на израелскиот премер Бенјамин Нетанјаху кој е обвинет за корупција.
Стотици демонстранти излегоа на улиците пред судската зграда и неговата резиденција. Едни против владеењето на Натанјху и поддржувачи на опозицијата, други во знак на негова поддршка и против судскиот систем.

Пред почетокот на судењето Нетанјаху го нападна правосудниот систем во државата, нагласувајќи дека судскиот процес против него за корупција претставува обид тој да биде соборен од власт.
„Но, јас сум тука со исправен грб и високо крената глава“
рече Нентанјаху.

Според него, ова е судскиот процес е обид да се елиминира волјата на народот. Тој ги обвини полицијата и обвинителството за заговор против него, а тврдењата ги нарече „контаминирани и предимензионирани“.
Нетанјаху е првиот израелски премиер кој се соочува со кривично гонење додека е на власт, во случајот кој тој го нарекува „политички лов на вештерки“. Тој се појавува пред суд само една недела откако положи заклетва на почетокот од неговиот петти мандат.
Израелскиот премиер во ноември минатата година е обвинет за поткуп, измама и проневера во три случаи. Меѓу другото, тој се товари и за примање подароци од пријател милионер и вршење услуги за сопственици на медиуми во замена за позитивно известување.