„Њујорк Тајмс“ на насловната страница ги испиша имињата на илјада луѓе кои починаа од коронавирусот, со цел да се укаже дека бројот на починати луѓе од ковид-19 во САД е близу 100 000 лица.
САД се први во светот по бројот на починати од ковид-19. Според Ворлдметерс, во земјата се пријавени 1 666 828 случаи на новиот коронавирус и 98 683 смртни случаи.
„Њујорк Тајмс“ објави една процент од овие случаи на насловната страница, а поднасловот вели дека тие не се само имиња на списокот.
„САД се ближат кон 100.000 мртви, непресметлива загуба. Тие не беа само имиња на листа, тие беа дел од нас“,
истакнува весникот.
