Додека во другите земји од регионот главна тема е справување со економските последици од ковид-19, во Македонија се бројат новозаболени лица, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое обвинуваат дека власта не успеала да се справи со пандемијата.
„Министерот за здравство Венко Филипче и владата предводена од СДСМ се грижат само за своите лични интереси. Грижата на владеачката СДСМ е насочена само кон тоа како да се намали поразот на Зоран Заев. Во период кога бројката на новозаболени од корона вирус бележи само пораст, тие прават себепромоција. Двамилионска Македонија во последното денононоќие бележи нови 37 лица заболени од корона вирусот, а двамилионска Словенија прогласи крај на епидемијата и последнователно деновиве нема нови случаи. И додека во земјите од регионот главна тема е опоравувањето и справувањето со економските последици, во Македонија се уште се бројат новозаболени лица, лица кои добиваат решенија за самоизолација и изолација“,
се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека мерките за заштита од пандемијата се задоцнети и несоодветни.
„Кога на почетокот на ситуацијата со корона вирусот ВМРО-ДПМНЕ
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
предупредуваше да се преземат мерки, власта молчеше. Едно е јасно, Филипче и СДСМ доживеаја фијаско во справувањето со корона вирусот. Ја ставија Македонија на врвот на листата по број на починати, на врвот на листата по број на заболени“,
